До крајот на јануари, сите невработени лица кои имаат идеја за бизнис,  може да аплицираат за грант за самовработување.

За реализација на оваа мерка годинава се предвидени 207 милиони денари, со кои треба да се отворат 920 мали бизниси и да се остварат околу 1.000 нови вработувања.

Грантот опфаќа обука за претприемништво,  набавка на опрема и репроматеријали и советодавна поддршка за правање на одржлив бизнис план.
„Годинава има одредено зголемување на висината на грантот и тој може да се движи од 201 до 349 во зависност од тоа колку е бизнисот одржлив и иновативен, дали има план за развој на сопствената компанија. Може да се финансира и дополнително вработување со грант од 92 илјади денари. Околу 30 проценти од грантовите се планирани за бизнис идеи на млади лица до 29 години, односно околу 300 мали компании да основаат овие лица. Тоа значи дека 64 милиони денари се наменети за поддршка на младите невработени лица кои имаат бизнис идеја и сакаат да ја реализираат“ изјави  Диме  Спасов,  заменик министер за труд и социјална политика.

Мерката за самовработување е една од најуспешните, а годинава за прв пат ќе се финансираат и стари занаети.

„Ќе се финансираат и  20 бизниси во делот на стари занаети, односно тие што се во изумирање, а ќе треба да ја поминат и обуката“ изјави  Влатко Поповски директор на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Сите заинтересирани барањата можат да ги поднесат до сите центри за вработување во Република Македонија. 

За годинава се предвидени  27 мерки  од Оперативниот план за вработувања со   Буџет  од 11, 5 милиони евра,  кои ќе имаат за цел намалување на невработеноста во земјава.  Со мерките од Македонија вработува и оние од Оперативниот план за вработување изминатава година се реализирани над 18 000 вработувања.


коментари

остави коментар