Полицијата во Анталија заплени документи и компакт дискови од објектите во кои осомничените престојувале - пренесе Ројтерс.

Притворот за тројцата Руси го потврди и рускиот конзулат во Анталија.

Вчера утрото сириски бомбаш самоубиец се разнесе во туристичкиот кварт во центарот на Истанбул, на плоштадот Султанахмет, предизвикувајќи силна експлозија во која загинаа 10 а беа повредени 15 лица.

Никој засега не го презеде одговорноста за нападот но турските власти веруваат дека одговорноста е на ИД. 

Полицијата во Анкара уапси 16 лица - 15 Сиријци и еден турски државјанин, поврзани со ИД, кои се осомничени за подготовка на терористички напади - пренесе агенцијата Анадолија. Тие вршеле надзор и трагале по потенцијални мети за напад.

Датум на објава: среда, 13 јануари 2016 во 12:36
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:07

коментари

остави коментар