Стела Криси од опозициската Лабуристичка парија вели дека американските официјални лица не дале образложение зошто не у дозволиле на 11 членото семејство да влезе во авион за САД на аеродромот Гетвик на 15 септември. Таа го повика премиерот да реагира.

Даунинг стрит дееска соопшти дека Камерон ќе ги испита тврдењата за овој случај.

Мохамед Тарик Махмуд вели дека неговото семејство било спречено да тргне за САД, без никакво образложение.

- Ние бевме единствено семејство по изглед муслиманско, и беше малку непријатно што само ние бевме симнати од летот - изјави Мохамед за Би Би Си.

Американската амбасада во Лондон одби да го коментира случајот.

Тензијата е покачена особено ако се има предвид изјавата на Доналд Трамп кој побара муслиманите да не се пуштаат во САД, која беше критикувана ширум светот.

Камерон оваа изјава ја нарече „глупава и погрешна“.

Мохамед Тарик Махмид патувал со својот брат и нивните 9 деца. Сакале да ги одведат децата во Дизниленд.

- Очигледно е зошто не вратија. Тоа е поради нападите во Америка - мислат дека секој муслиман е закана - изјавил Мохамед, пренесе Гардијан.

Тој вели дека децата броеле денови кога со братучедите ќе го видат Дизниленд, и биле скршени од разочарување кога тоа не им било дозволено.

Мохамед вели дека авио - компанијата не сакала да им ги врати парите за билетите, а биле принудени и да остават се што купиле од фри-шоповите на аеродромот пред да бидат испратени надвор од аеродромот.

- Никогаш не сум бил позасрамен - вели Мохамед Махмуд.

Но тој и неговото семејство не се единствените муслимани кои биле вратени назад. Два дена по нивниот случај, на друг британски муслиман, Аџмал Масрор, имам и предавач базиран во Лондон, не му било дозволено д аотпатува во Њујорк.

- САД имаат право да издаваат визи, но да се враќаат обични граѓани без образложение е навредливо. Шокиран сум од овие ирационални процеси но дали тие се грижат за моето мислење - мислам не - напиша тој а Фејсбук.

/ извор: Гардијан

Датум на објава: среда, 23 декември 2015 во 21:11
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар