СВР Охрид соопшти дека пријавениот, роден 1998 година, тешките кражби ги извршил во текот на септември и октомври годинава.

- Една кражба направил во куќа во селото Радожда и четири во станови во Струга и населбата „Езерски Лозја“. Малолетникот користел подесен алат - „топокршач“ и насилно ги отворал влезните, како и балконските врати во куќите и становите, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Пријавениот, како што истакна, бил на издржување казна затвор во Воспитно поправниот дом - малолетнички затвор Велес, од каде во текот на август годинава користел одмор по што не се вратил назад, односно бил во бегство. На седми октомври, бил приведен во полициската станица во Чаир, а потоа спроведен во Воспитно поправниот дом Охрид за издржување казна затвор. /МИА

Датум на објава: петок, 04 декември 2015 во 14:13
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар