На патарината кај Тетово  полициска патрола го сопрела полото и во багажникот во црна најлонска кеса ја пронашле марихуната.

Полицајците го привеле скопјанецот кој ја транспортирал а потоа истрагата ги однела и до идентитетот на другите 4-ца инволвирани. Двајца скопјани кои според МВР биле организатори преку 33 годишен стружанец стапиле во контакт  со албански државјанин и договориле цена од 1900 евра за 1 кг.

Ангажирале и 55 годишен скопјанец кој за 300 евра требало да ја преземе пратката и да им ја донесе до Скопје.

- Во близина на ГП „Ќафасан“ се сретнал со Д.Б. од Р.Албанија кој му предал една црна најлонска вреќа во која било сместено поголемо пакување обвиткано со најлонска фолија исполенета со непозната растителна материја. По преземањето на растителната материја, К.М. се упатил кон Скопје, а на дел од патот од Струга до Кичево четвртопријавениот од Струга му бил претходница како обезбедување на патот.

Покрај транспортерот на марихуаната, полицијата во охридско ги привела стружанецот кој му бил претходница и дилерот од Албанија. Сите тројца добиле 30 дена притвор.

Двајцата скопјани кои ја нарачале марихуаната се во бегство. МВР им поднесе на сите 5 мина та кривична пријава неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.


коментари

остави коментар