Денеска во две компании во оваа општина работна посета имаше министерот за финансии Зоран Ставревски.

Се запозна со работата на истите а од сопствениците се увери колку и на кој начин проектите допринесуваат за понатамошен развој на компаниите.

Блажо Паралидов е сопственик на команија во општина Бослиово која ги има искористено повеќето бенифиции од владините проекти и преку истите вработил 7 работника.

Смета дека на тој начин се зголемува развојот на комапниите а истовремено се отвара пат за нови вработувања генерално кај сите производствени погони.

Првиот човек на оваа општина е задоволен од соработката која ја има со министерството за финансии и можностите кои ги нуди за локален економски развој.

Министерот Ставревски денешната посета ја искористи и го пушти во употреба реконструираниот Културен Дом во Босилово како и на две улици во населените места Радово и Дарвош. 


Датум на објава: петок, 25 септември 2015 во 14:27
Стојне Митева
Обновено во: 15:26

коментари

остави коментар