Во саботата ни пристигнаа вкупно 12.200 бегалци, а и денеска ги очекуваме во голем број.

Имајќи ги во предвид вчерашните бројки, многу е јасно дека сме дојдени до самите граници на нашите капацитети, изјави портпаролот на полицијата, Симон Хегенвалд.

Минхенските власти поставуваат шатори за сместување на бегалците, но предупредуваат дека нивните капацитети за прифат на луѓе кои, преку Австрија, пристигнуваат од Унгарија се речиси целосно исцрпени.

Покрај тоа, властите на баварската престолнина ги повикаа другите делови од Германија да им помогнат и да примат повеќе бегалци, а планирано е да се ангажираат три специјална железнички композиции со кои бегалците ќе бидат префрлени во другите градови.

Во меѓувреме, Унгарија соопшти дека вчера во земјата влегле рекордни четири илјади мигранти од Србија.

Од денеска на границата се распоредени и четири илјади војници, кои треба да и помогнат на полицијата во спречувањето на илегалните преминувања.

Датум на објава: недела, 13 септември 2015 во 13:36
Гоце Герасимовски
Обновено во: 14:11

коментари

остави коментар