Според в.д. директорот на установата Никола Евров, во тек е реализација на првата фаза од проектот за истражување лековити растенија на планината „Јабланица“ во кој им помага билог од Природонаучнуот музеј од Скопје.

- Извршени се теренски истражувања на планината „Јабланица“. Годинава работиме на лековити билки. Донесени се околу 20 различни видови лековити растенија, материјал, кој се хербализира, информира Евров.

Во соработка со Завод и Музеј од Охрид, рече дека ќе работат на конзервација на метални предмети од археолошката збирка. Дел од материјалите биле набавени и очекува од октомври да почнат со реализација на предвиденото.

Струшкиот Музеј, додаде Евров, работи на евиденција на целокупниот етнолошки материјал.

- Во првата фаза по неколку години успеавме да набавиме дрвен разбој од предметите за традиционална дрвена покуќнина и пропратни делови за изработка на текстилни производи, како и земјоделски алатки, изјави Евров.

Најави дека деновиве треба да продолжат подводните истражувања во локалитетот „Врбник“ , а истражувањата на базиликата во селото Радолишта ќе се реализираат идната година поради некомплетна техничка документација.

-  Пред неколку години наша стручна екипа констатира дека мозаикот на базиликата во Радолишта е во добра состојба. Локалитетот е малку запуштен, требаше да работиме и годинава, но не успеавме да обезбедиме комплетна техничка документација. Следната година ќе продолжиме со конзервација на потпорните ѕидови на базиликата, појасни директорот на струшкиот Музеј.

Преку проектот за истражување и заштита на иконописот во црквите во Струга и струшко, информира дека годинава се опфатени црквите во селата, за што оцени дека состојбата со фреските не е лоша и нема потреба од посериозни интервенции.

Датум на објава: четврток, 10 септември 2015 во 14:43
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар