Оттаму посочуваат дека на 22 септември годинава ќе биде редуциран и режимот на работа на патарината Петровец, додека секциите на автопатот околу Градско ќе бидат затворени во периодот од 28 септември до 25 октомври годинава и сообраќајот ќе биде пренасочуван.

Причина за посебниот режим на сообраќај, како што соопшти АМСМ, е снимањето на францускиот игран филм „.2015 А Фонд“ од страна на Мануфактура Продукција од Скопје.

- Филмот ќе се снима на обиколницата околу Скопје, на одредени секции на автопатот Е-75 како и на патарината Петровец во периодот од 3 септември до 25 октомври годинава, прецизираат од АМСМ. /МИА

Датум на објава: среда, 02 септември 2015 во 09:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар