Покрај учесниците од  Македонија, на фестивалот настапија деца  солисти и делегации од Турција, Словенија, Бугарија, Романија, Полска, Австралија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Русија, Хрватска и Кипар.

,, Особено ми значи што наградата ја добив во Битола, градот кој има силни пријателски врски со мојата земја Турција. Битола е прекрасна и среќна сум што тука се здобив со големо искуство на сцената, иако наградата за мене е втора по ред гран при награда која сум ја добила досега на ваков тип на музички натпревари.  Многу сум среќна и ценам што сум тука бидејќи во Битола бевме примени со големо гостопримство од страна на битолчани, што сите учесници верувам дека не мотивира повторно да ја посетиме Битола и Македонија.,,-вели добитничката на гран при наградата Езги Алас од Турција.

Солистите се претставуваат со песна на мајчин јазик и поп песна на англиски јазик.

,,Како организатори на фестивалот задоволни сме што шеснаесетта година по ред фестивалот успешно опстојува на сцената. Сите 30 учесници од 12 држави имаат прекрасни впечатоци од Македонија и сигурен сум дека повторно ќе се вратат тука. Догодина очекувам уште поголем број на детски пејачи да застанат на сцената на фестивалот “Тра ла ла”.-вели раководителот на фестивалот Тони Алексовски.

Фестивалот “ТРА-ЛА-ЛА” е дел од битолско културно лето Битфест иподдржан е од Министерството за култура на Република Македонија.

Датум на објава: понеделник, 17 август 2015 во 10:50
Анета Шијакова
Обновено во: 14:15

коментари

остави коментар