Сака да живее како и другите млади во градот под Пелистер, да работи да шета и да се дружи со своите најблиски на Широк сокак, но агресивната болест е посилна и од него и од желбите на неговите другари кои постојано се покрај  него,но  и од неговата мајка која сака да му се врати силата, да стане од креветот  и Пеце да ја победи болеста.

Битката трае од пред две години, двапати е опериран во скопскиот клинички центар, а по континуираните хемо терапии и лекарските консултации во земјава и во странство единствениот излез од сегашнот безизлес му се нуди во Лив хоспитал во Истанбул.

За нова операција и нов третмани потребни се 54 илјади евра.

Преку хуманитарни концерти и од хумани луѓе, другарите и семејството  имаат собрано 12 илјади евра.

Сега помош бараат и од надлежното министерство и од фондот за здравство.
Надежда,вербата и љубовта кон животот не ги напушта ниту Пеце ниту неговите најблиски.

Велат туморот е агресивен, време за чекање нема.

Колку побрзо ќе се обезбедат пари толку  е подобро, бидејќи секој одминат ден,значи помала можност да се добие битката со оваа болеста.




Вашите средства можете да ги уплатите на жиро-сметките:

ТТК БАНКА - 290500007892819
СТОПАНСКА АД СКОПЈЕ - 200002877989992

Датум на објава: сабота, 25 јули 2015 во 14:24
Зоран Момировски
Обновено во: 17:31

коментари

остави коментар
  1. Zosto ne pocne si zemanje na prirodni lekovi koi site veke gi znaeme zosto nekoj ne mu go kaze toa a koga site veke znaeme deka hemoterapijata samo mu ja vlosuva situacijata.Pa i samiot Dr, Zan Mitev go ima izjaveno toa i ima objaveno recept so koj se unistuva rakot, Mislam deka nekoj treba hitno da mu preporaca sto da zima na ovaa dete