На 02.05.2015 при претрес во неговиот дом се пронајдени и одземени неколку помали најлонски пакувања со опојна дрога кокаин, семенски материјал од растението „канабис сатива“ како и неколку куршуми од различен калибар. Во една од собите во семејната куќа пронајдена е  првата најлонска паковка со наркотична дрога кокаин и еден куршум калибар 6,35 милиметри од југословенско потекло. Во кујната е пронајдена втората најлонска паковка наркотична дрога кокаин и еден куршум калибар 9 милиметри од чехословачко производство како и една хартиена кутија со семе од „канабис сатива“.

Најлонска паковка со помала доза кокаин, полициските службеници ја пронашле во возило „Даихатсу“ со скопски регистарски ознаки кое било  паркирано  во дворот од куќата.

При претрес во возило марка „Ауди 80“ без регистарски ознаки оставено на плац за половни возила, пронајдени се два куршума калибар 7,62 милиметри од кинеско и еден куршум калибар 7,65 милиметри од чехословечко производство.Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Датум на објава: понеделник, 20 јули 2015 во 14:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар