Алкохолот бил без бандероли поради што биле повикани  мобилните царински служби за понатамошно постапување и преземање на мерки.

Исто така при контрола во два малопродажни објекти даночните инспектори откриле неправилности во финансиското работење, односно неиздавање на фискални сметки.

Сопствениците на дуќаните се казнети со парични казни, а добија и времена забрана за вршење на дејност од 15 дена.

УЈП соопшти дека во наредниот период особено ќе се фокусира на проверка на работењето на деловни објекти во туристичките центри, со цел превенција од појава на финансиски малверзации и од потенцијален даночен ризик кај определени дејности кои се особено активни во овој период од годината.

коментари

остави коментар