Претседателот Иванов во Загреб ќе има средби со претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ и со претседателот на хрватскиот Сабор, Јосип Леко.

Според агендата, Иванов попладнево ќе има средба и со поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, а ќе положи венец пред „Ѕидот на болката“ на градските гробишта Мирогој.

Македонскиот претседател утре ќе ја посети и Општината Ѓаково, каде ќе се сретне со претставници на локалната македонска заедница.

Иванов ќе присуствува на културно - уметничка програма на македонското КУД „Браќа Миладиновци“ од Хрватска, по што ќе положи венец на гробот на Јосип Јурај Штросмаер, кој е еден од првите свештеници во Католичката црква кои го ревитализираа делото на солунските браќа Кирил и Методиј.

Во делегацијата што го придружува претседателот Иванов за време на официјалната посета на Република Хрватска, е и министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски. Предвидено е Јолевски во Загреб да се срeтне со неговиот хравтски колега Анте Котромановиќ.

Ова е трета официјална посета на претседателот Иванов на Хрватска, претходните беа во 2009  и 2011 година. 





Датум на објава: понеделник, 06 јули 2015 во 08:08
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:01

коментари

остави коментар