Наместо 120 колку што е капацитетот на Центарот  во моментов бројот на мигрантите кои престојуваат во него е трипати поголем. Тимот на народниот правобранител констатирал нехумани услови, без храна и здравствено - хигиенски услови, се ширеле и заразни болести. 

Мемети бара од надлежните институции да го зголеми бројот на прифатните капацитети,  бидејќи според сознанијата што ги има, бројот на мигрантите од ден на ден ќе се зголемува.

На средбата со министерот за внатрешни работи Чавков побарал законот за азил што побрзо да биде донесен, за да се регулираат правата на странците.

- Наша констатација е дека постоечкиот правен систем не дава целосна гаранција за заштита на правата на странците. Поради тоа апелирам за што поскоро донесување на измените на Законот за азил и привремена заштита, изјави Мемети.
Според народниот правобранител државата нема евиденција колку мигранти во моментов има во Македонија.

Датум на објава: петок, 12 јуни 2015 во 18:13
Весна Велкова Тодоровска
Обновено во: 18:16

коментари

остави коментар
  1. jas
    ПРАВА ЗА СИРИСКИТЕ ХРИСЈАНИ
  2. Мехмети редно е да почнеш да си ја вршиш службената должност за која си ПЛАТЕН ДОЛГИ ГОДИНИ од БУЏЕТОТ НА РМ а тоа е заштита на правата на граѓаните на РМ а не да глумиш лажна загриженост за НЕЛЕГАЛНИ мигранти кога знаеме многу добро која е играта што ја играте и ТИ и целата банда на ФООМ со овој закон за азил. да престанете ДА ЈА ДОВЕДУВАТЕ јавноста во заблуда и да сеете лаги и небулози со сите пипци на фоом и нелегитимни квази здруженија кои се самопрогласиле за наводни заштитници на човекови права без овластување од државен орган. ТИ да почнеш да си ја вршиш должноста па да преиспиташ што се случува кај извршителите и судовите на граѓаните на РМ, а за овие лица ТРЕБА ДОБРО ДА СИ ЗАПОЗНАЕН ДЕКА КОГА МИНУВААТ ИЛЕГАЛНО ГРАНИЦА дека СВЕСНО ВРШАТ КРИВИЧНИ ДЕЛА и не се НИКАКВИ СТРАДАЛНИЦИ ТУКУ СЕ КРИМИНАЛЦИ кои ВЕДНАШ ТРЕБА ДА СЕ ДЕПОРТИРААТ. И немој ни случајно да се обидувате да се заканувате со тужби во Стразбур преку НЕЛЕГИТИМНИТЕ ПИПЦИ НА ФООМ кои КВАКААТ НА ТЕЛМА туку да си ПРОЧИТАТЕ сите законските прописи дека ОВИЕ ЛИЦА ВРШАТ КРИМИНАЛ со недозволен влез во РМ и нема РМ НИКАКВИ ПРАВА И ОБВРСКИ КОН НИВ и само нека се обидат да тужат па ќе види дури тогаш ЗЛОСТОРНИЧКАТА БАНДА НА ФООМ како ќе си помине со своите НЕЛЕГИТИМНИ ОРГАНОЦИ и КРИМИНОГЕНИ ДЕЈСТВИЈА со кои континуирано причинува штети на РМ ! ТИ СЕГА со бандата на ФООМ сакаш да наметнеш закон за азил па на РМ ДА И НАТОВАРИШ ОБВРСКИ КОН ОВИЕ КРИМИНАЛЦИ КОИ ГИ НЕМА, па тогаш со оние нелегитиомни перачи на пари квази Хелсиншки комитети и разни други перални кои не постојат во светот да КРАДЕТЕ И ДА ПЕРЕТЕ ПАРИ од Буџетот на РМ со вашата квази загриженост за КРИМИНАЛЦИ КОИ немаат легитимен влез во РМ. ДА ПРЕСТАНЕШ ВЕДНАШ СО ЗЛОУПОТРЕБА НА СВОЈАТА СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ и да престанеш да ги ГАЗИШ ПРАВАТА НА ГРАЃАНИТЕ НА РМ со целата мафијашка банда на фоом затоа што за овие МАНИПУЛАЦИИ ШТО ГИ ПРАВИШ има многу јасно дефинирана кривична одговорност ЗА штети на РМ и на ЕУ со овие перверзии.