„Грчката влада има намера да  работи за да се постигне договор кој ќе покрие барањата на двете страни, и за да се постигне тоа ќе ги исцрпи сите можности за да се најде решение, во најбрз можен рок“ – потенцираше Сакеларидис кој воедно  им стави крај на шпекулациите и за излез на земјата од еврозоната но и за можноста за предвремени избори.

Премиерот јасно стави до знаење дека владата има четиригодишен мандат. Па така, не му поминува низ памет да распише избори.“ – рече портпаролот на грчката влада, кој ја исклучи и можноста за распишување референдум за новиот договор, коментирајќи дека владата има силно оружје во преговорите, а тоа е поддршката од граѓаните кои на изборите на 25 јануари и дадоа доверба на СИРИЗА.

Со изјавите на Гаврил Сакеларидис, уште еднаш се повторува она што и самиот Ципрас го кажа во петокот од грчкиот парламент, дека Атина не планира да отстапи од својот предлог за договор испишан на 47 страници, предлог кој наиде на силни критики и противења од кредиторите. Контра-предлогот од Брисел, беше премногу строг за грчките критериуми, содржеше зголемување на ДДВто и намалување на пензиите, и неофицијално беше потфрлен од Атина.

За сега никој во Грција не сака да поставува временски рокови за договор, впрочем и самиот Ципрас го спомена тоа, а на 20ти јуни истекува продолжувањето на кредитната спогодба според договорот од пред 4 месеци.

Датум на објава: понеделник, 08 јуни 2015 во 13:57
Сања Ристовска

коментари

остави коментар