Родителите на малата Теса Еванс, Грејн и Нејтан, поминале низ тежок процес на одлучување со зафатите да се почне сега, додека е Теса малечка, за да избегнат агресивна операција кога ќе порасне.

- Тоа беше многу тешка одлука за сите нас, ние ја сакаме Теса премногу и за нас таа беше многу убава токму каква што беше и претходно - вели нејзината мајка Грејн.

- Одлучивме да почнеме сега бидејќи ова е шанса постепено да се менува нејзиниот изглед, и по неколку години да се нормализира без воопшто да има потреба да се сече нејзиното лице. Инаку ќе требаше да чекаме да стане тинејџерка и нејзиното лице да престане да расте, а потоа да се конструира нос низ операција која е многу поагресивна. Вака, носето на Теса ќе расте со неа, и ќе избегнеме операција.

Разликата сега не е голема, но ова е само прва фаза од зафатот кој треба да доведе до сосема нов изглед на малата Теса.



Ретката состојба - да се роди детет без нос, во медицинската историја досега е забележана само 47 пати. Теса е прекрасно весело мало дете кое никогаш не дозволило состојбата да и попречи да прави се што секое мало детет сака да прави. Таа е наша инспирација - вели нејзината мајка.

Повеќе прочитајте тука.

/ извор: Мирор

Датум на објава: среда, 03 јуни 2015 во 12:34
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:40

коментари

остави коментар