Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Самитот доаѓа во „клучен момент за Алијансата, откако тектонските плочи на евро - атлантската безбедност се поместија“ поради делувањето на Русија и порастот на исламскиот екстремизам на Блискиот Исток и на северот на Африка - пренесе АП.

Претседателот на САД Барак Обама и други лидери на НАТО последен пат се состанаа во Велс во септември, кога постигнаа договор околу акциски план како 28-члената Алијанса да се прилагоди на новото безбедносно опкружување.

Лидерите на НАТО тогаш договорија новиот Самит да биде во Варшава, симболична локација - престолнина на држава поранешна членка на источниот блок, која е сега во НАТО.

Датум на објава: петок, 22 мај 2015 во 18:43
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар