Враќајќи се од полјоделските работи, трактористот Драган Б. Од спомнатото село, во критичниот момент, од засега неутврдени причини, изгубил контрола врз тракторот. Поради тоа, приколката се превртела и како резултат на тоа, тракторот неконтролирано со трактористот забрзал кон удолница и удрил во дрва.

Како последица од ударот, а по првичниот увид на екипата на беровската Брза помош, несреќниот 42 годишен жител на Владимирово починал на лице место.

По извршениот увид, телото на загинатиот е предадено на семејството.

Датум на објава: четврток, 21 мај 2015 во 10:06
Дејан Ефремов
Обновено во: 10:53

коментари

остави коментар