24-от најбогат човек на Кина, сопственик на конгломератот Тиенс кој се занимава со биотехнологија, хотелиерство, образование и банкарски услуги, закупил 130 хотели за 6 400 од своите вработени кои за 20 годишнината од основањето на компанијата. На негова сметка, тие патуваат во Париз каде за нив е организирана посета на Ајфеловата кула, Лувр, и гала вечера, по што заминуваат на одмор во Ница.

За овој луксузен јубилеј Џинјуан ќе потроши 13 милиони евра - пишува Фигаро.

За да му излезе во пресрет, француската железница ќе пушти два дополнителни брзи возови. Оформен е тим од 12 лица кои ќе ги пречекуваат гостите.

Во знак на внимание Џинјуан бил примен од францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус - пишува Фигаро.

Датум на објава: петок, 08 мај 2015 во 22:06
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 22:56

коментари

остави коментар