Овој продолжен викенд охридските хотели се резервирани со гости од  Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, Црна Гора, но  и многу туристи од земјава. Силните  промоции и субвенциите на авио-превозниците и туроператорите придонесоа да расте бројот на туристи, кои  организирано  доаѓаат од  Романија, Полска, Данска,Холандија, Шведска, Турција и Кина.

Охрид  цел месец април заедно со Албанија и Грција  е дел од “Балканските тури” за туристи од подалечните земји.

-За среќа се продолжува туристичката сезона која почнува многу порано. Ако некогаш беше репер  месец мај сега е месец април. Ако крајот на сезоната беше септември сега е октомври. Слободно можеме да кажеме дека имаме зголемување на туристичката сезона, вели Тоше Чочороски хотелиер.
Туристите  за Први Мај  резервираат три ноќевања со појадок  или три полупансиони.

-Цените на аранжманите се приближно исти како и минатите години можеби има благо намалување  на цените да кажеме, но мислам дека тоа не е клучно за изборот. Сепак се работи за Охрид, вели Јаким Маленко туристички работник.

Покрај хотелските капацитети, кои се речиси целосно резервирани   за Првомајските празници голем број туристи  ќе има и  во приватното сместување.


Датум на објава: четврток, 30 април 2015 во 10:31
Соња Рилковска
Обновено во: 11:28

коментари

остави коментар