Кога жена во Кина ќе се налути  поради неверството на својот сопруг , дефинитивно тоа изгледа многу страшно.

На видеото кое експресно стана хит на социјалните мрежи може да се види како лутата жена  која дознала дека сопругот ја изневерува  го уништува  неговиот автомобилот.\

Бесната жена автомобилот на својот сопруг го запира на сред улица и тргнува да го уништува. Зема камен во рацете и почнува да ја крши шофершајбната.

Изненадениот маж сето ова го гледа  од возачкото седиште , и по кратко време одлучува да излезе од автомобилот и да се обиде да ја смири својата жена.

Оваа идеја дефинитивно не му е многу паметна, експресно добива шлаканица.

Инцидентот која го гледале многу луѓе се случил на улица во градот Нанјинг.



Датум на објава: среда, 29 април 2015 во 22:25
Крсте Галевски

коментари

остави коментар