Првата група од петнаесет жени од Градско, Лозово и Свети Николе беа обучувани за употребата на рециклираниот материјал во создавање на нови производи.

Маја Модријан и Маја Ријавец од Еколошката организација „Сметумед“ од Љубљана на прес - конференција потенцираа дека се задоволни што и во Македонија се реализира ваков проект.

Модријан појасни дека ги обучуваат жените од старите предмети да создадат нови и така да заработат за егзистенција. Жените вклучени во проектот работат со различни материјали: картонски кутии, стари чадори, стара кошули, табли за јајца и уште многу други амбалажи, кои секојдневно ги фрламе во смет, а од кои можат да се изработат прекрасни, нови предмети.

- Ние од Словенија им донесовме полни куфери со производи создадени од рециклирани материјали со кои сакаме да ги едуцираме и тие да создаваат вакви производи. Сакаме да ги поттикнеме да размислат за своја идеја и да создадат нов и убав производ, а од нешто што колку и да звучи грубо претставува смет потенцира Модријан.

Словенечките инструкторки утре во Велес ќе одржат обука на жени од Кавадарци, Чашка, Демир Капија, Неготино, а задутре на жените од Велес. /МИА

Датум на објава: вторник, 31 март 2015 во 16:01
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар