Како што соопшти полицијата, вчера околу 10:20 часот на пругата Скопје-Гевгелија кај Демир Капија, вработен во Македонски железници на 200 метри пред железничката станица во Миравци, во каналот покрај патот забележал човечко тело.

Увид на лице место извршила екипа од полициската станица во Неготино, при што е констатирано дека се работи за Граце Е.(29) од Нигерија, која имала повреди во пределот на главата – скршеница од удар најверојатно од воз.

По наредба на Јавното обвинителство, телото е предадено на погребалното претпријатие од Неготино за закоп на градските гробишта во Неготино.

Датум на објава: вторник, 31 март 2015 во 12:09
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:37

коментари

остави коментар