Кик - боксерката и водителка Љуба Пантовиќ би можела кривично да одговара поради негрижа, што ја препуштила ќерка си на улицата за таа да учествува во ријалити шоу - вели адвокат за Ало.рс.

Доколку се утврди дека е вистина дека 16 годишната ќерка на Љуба забременила од љубовникот на мајка си, тој сигурно ќе одговара.

Иако за скандалот се слушна пред неколку дена, Љуба уште ништо не знае, бидејќи до учесниците во ријалити шоуто не смеат да доаѓаат информации однадвор, освен ако се работи за смртен случај или тешка болест. Дарко Поповиќ од Пинк вели дека ако ја известат, може да ги тужи дека изгубила финансиска добивка до која би дошла со победата. Според Поповиќ, мајката на Љуба им рекал дека тоа што се зборува за нејзината внука не е точно. А братот на таткото на девојката кој е во затвор, ќе го посоветува таткото да поднесе тужба против љубовникот на Љуба кој „го завел девојчето“.

Датум на објава: среда, 08 мај 2013 во 16:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар