Доцна синоќа запалени се автомобилот и продавницата на бабата и дедото на поранешниот заштитен сведок.

Полицијата приведе две лица осомничени дека го сториле делото.

Меѓу нив и Ѓоре Петровски на јавноста познат како осомничен за нарачување на убиството на старецот во ореше.
Двајцата синоќа со автомобил се упатиле кон селото.

Бабата и дедото на заштитениот сведок , денеска низ солзи раскажуваат дека закани трпеле подолг период.

Нивната ќерка пак вели дека ова е начин да му се одмаздат на нејзиниот сопруг.

Заштитениот сведок бреза , подоцна обичен, Златко Арсовски, во текот на судењето го смени исказот.

По ова приведени беа неколку лица меѓу кои и новинарот Кежаровски.

Пред 8 години беа запалени продавница и амбуланта  во „Ореше“.

Петровски и уште едно лице за ова дело добија казни затвор во траење од по 4 години.

Датум на објава: вторник, 17 март 2015 во 17:37
Ана Милевска Ѓеоргиева
Обновено во: 18:27

коментари

остави коментар