Тој во неделата во 12 часот, на враќање од Копаоник, сврте во погрешна лента и со својот „ленд ровер“ се судри со „сузуки“ управувано од унгарски државјанин.

Брачната двојка во „сузуки“ автомобилот е потешко повредена, а Милан поминал со полесни повреди - пишува Блиц. Неговата сопруга и децата кои биле со него во автомобилот не се повредени.

На Калиниќ веднаш му е направен алко тест и утврдно е дека не возел под дејство на алкохол. Но, за предизвикување сообраќајка во која имало тешко повредени, казната е до 4 години затвор - вели за Блиц обвинителката од Панчево Гордана Чолиќ.

- Во овој случај наместо затворска казна судот може да изрече парична казна и забрана за управување на моторно возило од 3 месеци до 5 години - вели таа.

Унгарските државјани се во болница - мажот со повреди на главата е во Белград, а жената со повреди на абдоменот во болницата во Крушевац. Со нив во автомобилот биле и нивниот син и неговата девојка но тие не се повредени.

Датум на објава: вторник, 03 февруари 2015 во 15:44
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:44

коментари

остави коментар