Според информациите од полицијата, нападнатиот тинејџер бил во близина на трговскиот во друштво на двајца 16-годишни пријатели кога ги пресретнале две непознати лица. Повозрасните момчиња успеале да им побегнат на напаѓачите, додека 14-годишникот, кој се обидел да избегал кон Ново Лисиче, напаѓачите го стигнале и почнале да го тепаат.

Откако 14-годишникот успеал повторно да им побегне, напаѓачите со автомобил „мерцедес“ побегнал во непознат правец. Веднаш по инцидентот момчето е пренесено во болницата „Св. Наум Охридски“ каде му е укажана помош. Откако случајот е пријавен во полиција, еден од осомничените за нападот уште синоќа е приведен на улицата Цветан Димов во Чаир.

Насилниците и повредениот тинејџер се познавале од претходно, но, како што велат од полицијата, мотивите за нападот засега не се познати. Полицијата е во потрага и по оружјето кое е употребено во инцидентот, а работи и на утврдување на идентитетот на лицето кое пукало. 

Датум на објава: среда, 28 јануари 2015 во 14:24
Јулијана Николовска
Обновено во: 17:02

коментари

остави коментар