На покана на организаторот на настанот Health Consumer Powerhouse. министерот Тодоров ќе има обраќање во врска со перформансите на здравствениот систем во Македонија.

Министерството за здравство соопшти дека во рамки на посетата на Брисел, Тодоров ќе оствари средба со Еврокомесарот за здравје и безбедност на храна, др. Витенис Андриукаитис.

Според Европската Комисија, Европскиот здравствен потрошувачки индекс се смета за најинформативна и највлијателна проценка на европската здравствена заштита. /МИА

Датум на објава: вторник, 27 јануари 2015 во 10:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар