-  Ова е поттик за уште поголемо вложување и работење, не треба да застанете тука. Како Совет, градоначалник и општина, ви стоиме секогаш на располагање за сите потреби и идеи, им порача на наградените градоначалникот Андреј Жерновски.

Годинашни добитници се Марија Медарска за постигнувања во примената на техничките науки, Мирче Нешовски во книжевноста, Илина Арсова во планинарството-алпинизмот, Борјан Цанев во музичкото творештво, Надица Вчкова Наумова во спортот, Станка Баџакова во предучилишно образование, Биљана Лалчевска Серафимовска во основното образование и Златко Петковски за постигнувања во основното образование.

Награди добија и учениците и студентите Ирина Петрушевска за постигнувања во музичката уметност, Маријана Лазаревиќ исто така во музичката уметност, Матеа Ташковска во математиката и Мартин Јовески за постигнувања во културата.

Како правно лице наградена за оваа година е туристичката агенција „Атлас Корпорејшн“ од Скопје за постигнувања во туризмот. 

Датум на објава: вторник, 23 декември 2014 во 16:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар