- Денеска започнуваме една конкретна активност за заштита на потрошувачите, каде во едно од најфреквентните места во Скопје ќе поделиме околу 10.000 едукативни летоци со информации за основите права на потрошувачите, како и контакти и податоци на институциите кои се одговорни да реагираат при конкретни повреди на нивните права, изјави Марјан Додовски, претседател на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје.

Претседателката на Советот на Град Скопје Ирена Мишева изјави дека Советот ги поддржува активностите за заштита на потрошувачите и во таа насока е оформен Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје, донесена е Програма и акциски планови за работа на тоа тело.

Маријана Лончар-Велкова, претседател на Организација на потрошувачите на Македонија, рече дека целта на оваа конкретна активност е  информирање на граѓаните зашто како потрошувачи тие имаат право да бидат запознати со нивните права и начините како да ги остварат. 



Датум на објава: недела, 21 декември 2014 во 13:31
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:54

коментари

остави коментар