Регионалниот центар за управување со кризи информира дека реката Слупчанка поплавила подрумски простории на околу 10-тина куќи во селото Опае и оти во моментот се преземаат мерки за санирање на последиците. Оттаму додаваат дека излеаната вода почнала да се повлекува.

Покрај реката Слупчанка, од своето корито се излеала и реката Матејчанка поплавувајќи обработливи земјоделски површини.

Синоќа на подрачјето на Куманово наврнале 14,8 литри дожд на метар квадратен. /МИА

Датум на објава: сабота, 06 декември 2014 во 11:49
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар