Извршителот преку банката  им ја блокира сметката  на социјално загрозените граѓани, кои се изложуваат на дополнитечни трошоци и за  одблокирање на нивната празна сметка. Поради административни проблеми блокирани сметки имале и граѓани кои навремено ги подмирувале своите сметки.

-  Некогаш, од незнаење или од други причини се случува да извршителите, надвор од законот, да посегнат по правата на граѓаните. Имаше и случаи каде извршителите на почетокот наместо да ги прашуваат граѓаните дали тие се приматели  на одредена социјална помош или на приходи кои не смеат да ги опфатат со извршувањето,  вели Народниот правобранител на Република Македонија Иџет Мемети.

Македонија ги презема потребните реформи во кривичноправниот и правосудниот систем., смета амбасадорот на САД според кој во иднина треба да се работи на едукација на граѓаните за правата во постапките за извршување.

- Државата презема чекори од аспект на реформи на казнената политика, а тоа е директно поврзана со правата на граѓаните. Има уште многу работа која треба да се заврши. Од државата се обидуваме да побараме поголемо финансирање токму на правосудниот систем во целост затоа што се потребни дополнителни ресурси на одредени судови и јавни обвинителства во некои градови во Македонија, рече Марк Ласер, од амбасадата на САД во Република Македонија.

Граѓаните до правобранителот најмногу  се жалат од правосудните органи, имотно правните проблеми, за  работничките права, но  и од банките. Токму тоа , заштитата на човекови права  е темата на тркалеза маса во организација на Народниот правобранител на Република Македонија и на американската амбасада, што деновиве се одржува во Охрид. 


Датум на објава: понеделник, 24 ноември 2014 во 14:26
Соња Рилковска
Обновено во: 15:26

коментари

остави коментар
  1. И повторно: прочејлаште ги, ќе најдите интересни дубари...;-)