Во Македонија се уште родителите ја употребуваат казната „ќотекот од рајот излегол“. Во истражувањето што го спроведе УНИЦЕФ за состојбата на жените и деца во мулти индикторското кластерско истражување покажува мал број на родители кои физички ги казнуваат децата.

Но, во реалниот живот сликата е сосема поинаква ваквото воспитување го употребуваат 53% проценти Македонците, 51% Албанците и 62 % Ромите. Во насилството веруваат и жените. 30 % од Албанките верувале дека е оправдано што добивале ќотек од мажите, по нив се Ромките 25%, а кај Македонките 6%. Жените од руралните средини 24%, веруваат дека шлаканицата од сопругот не е навреда за нив.  Вакви истражувања се направени на целата територија. Најзагрозени се правата на ромските жени и деца.

„Јазот е многу голем помеѓу сиромашните и богатите“, вели Јелдон Шел, УНИЦЕФ.

Од економски аспект интересно во истражувањето е што и богатите и сиромашните уживаат во вкусот на никотинот. Бројките покажуваат дека секоја четврта жена пуши во бременоста. Позитивно во извештајот е што се зголемува бројот на деца пред се во ромските средини кои одат на училиште.

Датум на објава: петок, 26 април 2013 во 12:35
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
Обновено во: 12:45

коментари

остави коментар