Таканаречената Албанската национална армија „АНА“ повика на општа мобилизација, поради како што наведе, српските закани за поделба на Косово, како и најавите за насилното отстранување на споменикот на Ослободителната војска на Прешево, Медвеџе и Бујановац во Прешево.

Според косовските медиуми, одлуката за мобилизација била донесена на состанок во Вучитрн како одговор на фашизоидното српско раководство, откако првите луѓе на АНА оцениле дека состојбата во Прешевската долина и во северно Косово е напната.

АНА се сметаше за своевидно продолжение на разоружаната ОВК во 99-тата, која презеде одговорност за серија бобмашки напади, претежно во Македонија и на југот на Србија. Западните разузнавачи сметаат дека оваа организација суштински престанала да постои по акцијата на македонската полиција во Бродец пред четири години.

коментари

остави коментар