Во единечниот биланс на успех, остварените единечни продажби во износ од 4 милијарди и 344 милиони денари бележат зголемување за 2% во споредба со остварените во истиот период лани.

Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација изнесува 801 милиони денари што претставува зголемување од околу 10 проценти. Нето добивката изнесува 457 милиони денари што претставува зголемување од 4 проценти.

Според консолидираниот биланс на успех, остварените консолидирани продажби во износ од 5 милијарди и 550 милиони денари бележат зголемување од 8 проценти  во споредба со остварените во истиот период лани , при што е реализиран раст на консолидираните извозни продажби од 11%.

Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација изнесува 833 милиони денари што претставува зголемување од околу 10 проценти. Нето добивката изнесува 440 милиони денари што претставува зголемување од 4 проценти. Во периодот јануари - септември годинава  во ‘‘алкалоид‘‘ се реализирани 54 нови вработувања.


Датум на објава: понеделник, 03 ноември 2014 во 12:56
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар