Вака изгледа околината на гробиштата на три дена пред Задушница. Според Тодор Пауновски кој пет години е домаќин на црквата Свети Димитрие на градските гробишта оваа лоша слика е речиси иста постојано како поради нередовното чистење на контејнерите така и од несовесниот однос на самите граѓани кои фрлаат шут и смет насекаде околу гробиштата.

-Надлежните од ЈКП малку да преземат поголеми мерки а малку и совеста на граѓаните нека се подигне бидејќи сега не може едни да ј оправаат работата а други да се однесуваат и да фрлаат и ред други работи.

Жителите кои имаат домови во близина на гробиштата очекуваат дека нaдлежните ќе преземат мерки да се спречи претворањето на овој дел од градот во дива депонија но и оти граѓаните ќе придонесат за тоа.

-Идат секогаш и на два дена го земаат но кога не разбираати од горе и од долу и фрлаат и шутираат партали до памперси, срамота, има канти и празна па фрли а не полна канта па фрли долу.

-Еден дел од несовесноста бидејќи сите што излегуваат од гробиштата гледате каде фрлаат а ЈКП е криво бидејќи во двата контејнери се фрла шут од цело Тетово и селата.

-ЈКП чисти ама граѓаните сами не се свесни а знаат дека тука се гробиштата и оти не смее да се фрла пред гроб, пред врата, влез е тоа.

Од ЈКП Тетово информираа дека во текот на следните два дена покрај редовното носење на сметот ќе биде ангажирана дополнителна механизација, багер и камион, за отстранување на сиот смет околу православните гробишта со цел одбележувањето на Задушница да помине како што треба.

коментари

остави коментар