Германскиот неделник „Шпигел“ објави дека Герхарт Шиндлер, шефот на германското  разузнавање, ги обвинил проруските сепаратисти пред парламентарната анкетна комисија на 8. октомври. Тој своето тврдење го поткрепил со сателитски снимки.

Шиндлер тврди дека проруските сепаратисти во источна Украина украле ракета земја-воздух со среден дострел „Бук“ од украинска воена база и со неа го собориле малезискиот авион на 17 јули.

Тезата на Шиндлер е речиси слична на американското разузнавање, кое тврди дека ракетата кон авионот била истрелана од зона под контрола на сепаратистите. Но, Вашингтон тврди дека ракетата била донесена од Русија.

Киев и Москва взаемно се обвинуваат за падот на малезискиот авион.

коментари

остави коментар