Михајло Филев, младиот но врвен производител на оригинален охридски бисер веќе го направи првиот ѓердан со  кој се китела  Самоиловата керќа -  принцезата Косара. Бисерниот ѓердан е идентичен на  пронајдените артефакти, исткаен  од филигран и бисер.

Изработен е  и скапоцениот  накит  на Олимпија, мајката на Александар III македонски и на  македонската кралица Клеопатра.
                                                                            
-  Мој предизвик е сега сите тие да ги репарирам возобновам во наш стил нормално со исти материјали од тоа време како среброто и ред други проптратни елементи во накитот. Да добиеме уште една понуда каде што и светот и сите ќе бидат восхитени од нешто што било заборавено во минатото а сега ќе биде претставено на анјвсоко ниво, вели Михајло Филев производител на охридски бисер.

Ќе се возобноват и накитите кои семејството Филеви изминатиов век ги подарувало на кралиците и принцезите  ширум светот. На овие фотографии се  српската, бугарската, данската, шведската и холандската кралица на која лично Тито и поклонил охридски бисери. И секако накитот на принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ.

-  Ќе се направи една селекција еден посебен избор и така ќе бидат изложени да бидат достапни сите граѓани и туристи да можат да ги видат сите тие дела. Како што се огрлици, наруквици обетки од сите тие еминентни личности. Или проектот ќе го крстиме “девет кралици закитени со охридски бисер од Македонија“,додава Филев.

Репликите на накитот на античките владетелки и познатите кралици и принцези  ќе ја збогатат културната понуда во земјава. Љубителите на убавото ќе може да се китат со накитот   на  Клеопатра или можеби со ѓерданот на бугарската кралица Јоана Савојска. 

Датум на објава: недела, 19 октомври 2014 во 11:47
Соња Рилковска
Обновено во: 14:54

коментари

остави коментар