Набавката на товарните вагони изнесува  13, 2 милиони евра.  Со оваа инвестиција ќе се обнови возниот парк и ќе се  намалат трошоците за одржување.

“МЖ Транспорт моментно располага со околу 1.000 товарни вагони од различни  типови. Набавката на новите значи почеток на обновување на возниот парк затоа што товарниот  вагони во нашиот состав се прилично стари и одржувањето бара  зголемени трошоци од нашата компанија.  Со набавката на новите вагони  всушност се намалуваат  трошоците, но и се вклучуваме во нови превози  од пристаништето Пиреја кон Средна Европа, изјави Оливер Деркоски,  директор на МЖ Транспорт.

Покрај товарни вагони, МЖ Транспорт набавува и шест патнички железнички гарнитури. Испораката на првата треба да почне од август следната година, а до крајот на таа година да пристигнат сите. Инвестицијата  во новите патнички возови изнесува  20 милиони евра.

МЖ Транспорт и Инфраструктура  учествуваа на конференција за посебни пратки која  за прв пат се организира во земјава.



коментари

остави коментар