„Плевнелиев ќе се поклони пред останките на таткото на бугарската нација.“- со ваков коментар весникот Етнос ја најавува изложбата во музејот на византиска култура во Солун, по повод 1.000 години од смртта на цар Самоил.

Бугарија и Грција заеднички ќе го одбележат јубилејот, а солунски музеј организира изложба, на која специјален гостин ќе биде бугарскиот претседател. Симболичен чекор, а со особена дипломатска важност е одлуката на Грција, според Етнос, да го покани Росен Плевнелиев, в понеделник да го посети Солун, и како што пишува весникот „да се поклони пред останките на таткото на бугарската нација.

Моштите на Цар Самоил кои ги пронајде грчкиот археолог и професор Николаос Мицопулос во 1969 сега се наоѓаат во Солун, меѓутоа според информациите во грчките медиуми пред неколку години започнале разговори меѓу Атина и Софија, посмртните останки да бидат пренесени во Бугарија а за возврат Грција да добие дел од византиските реликвии, ракописи и слично од храмовите од градови во Северна Грција.

Официјална Софија, барала размената да се случи во текот на оваа година, за годишнината од смртта на цар Самоил, неговите мошти да бидат во Бугарија. Но до сега се уште нема официјална информација каков е исходот од бугарско - грчките разговори и дали успеале да постигнат договор за размена.

Датум на објава: сабота, 04 октомври 2014 во 15:12
Сања Ристовска
Обновено во: 09:27

коментари

остави коментар
  1. Plevneliev ima pravo da se pokloni na mostite na Car Samoil,zasto i toj sam e cist Makedonec.Ete dokaz kolku Makedonija e bogata.Pa ne teraat da ja zaboravime sopstvenata istorija.Aleksandar makedonski,Car Samoil i uste mnogu gi ima sto nesmeat da se zaboravat ili da se otstapat na nekoj drug koj nema nikakva vrska so niv.Zatoa za Plevneliev sekoja cest.Ke dojde i toj den koga i toj samiot ke priznae deka e MAKEDONEC.
  2. Да не забораваме дека самиот бугарски претседател Плевнелиев е роден во Пиринска Македонија и потекнува од фамилија на бегалци од селото Плевна (денес Петруса) во Егејска Македонија, кои побарале и нашле засолниште во Бугарија во 1913 година, односно Плевнелиев се осеќа како бугарски Македонец или Бугарин од Македонија.