Полицијата наведува дека парите биле добро фалсификувани и дека можеле многу луѓе да се измамат со нив.

Возачот на комбето е уапсен додека ги сместувал вреќите со пари во возилото. Нервозното однесување на човекот го привлекло вниманието на полицијата која потоа фалсификатите ги открила скриени во 17 картонски кутии.

Италијанските власти соопштиле дека половината од лажните банкноти во оптек во зоната на еврото потекнуваат од регионот на Наполи.

Европската централна банка од почетокот на годината открила 331 илјада фалсификувани банкноти кои ги повлекла од пазарот.

Датум на објава: среда, 24 септември 2014 во 17:02
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар
  1. ne znam zosto me blokiravte da ne mozam da komentiram, jas ne ve osuduvam kako medium , ednostavno ne mozev da premolcam koga mu kazuvate na makedonecot deka bil najmalku platen kako toj da ne znae, Napravete nesto da go raspolozite da mu go razubavite denot dosta mu e od porazitelni statiki...OD KANAL 5 TV: NIE NE BLOKIRAME NIKOGO, PA NITU VAS...A ZA RAZUBAVUVANJE NA DENOT ,KAJ NAS NA WEBOT E ZADOLZEN KRSTE:)