Тоа е еден од најголемите приговори на совест во Израел во последните години.

"Ние, старешините на единицата ’8200’, изјавуваме дека одбиваме да учествуваме во акциите против палестинците и не сакаме да не користат за зајакнување на израелската воена контрола над палестинците, во окупираните територии“ - стои во писмото кое 43 офицери и војници го упатија до израелскиот премиер и Генералштабот на војската.

“Веќе не можеме со чиста совест да му служиме на овој систем и да им ги оневозможуваме правата на милиони луѓе“ - стои во продолжение на писмото.

Писмото, упатено после помалку од три недели по завршувањето на војната во Појасот Газа, не се однесува на тој судир, туку на целокупната политика на израелската власт.

Датум на објава: сабота, 13 септември 2014 во 13:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар