Како што се очекуваше. „шестката“ доаѓа во две верзии, онаа со 4,7 инчен екран и тој со 5,5 инчен екран. И додека класичната верзија може да се пофали со резолуција 1334х750, iPhone Plus е full HD (1920x1080). Станува збор за досега најтенкиот мобилен со широчина од 6,9 мм, односно 7.1.

Во двата модела има моќен А8 процесор кој е до 25 отсто побрз од претходниот, но треба да се спомене и тоа дека новите апарати ќе бидат поекономични.




Игрите за новиот iPhone ќе бидат подобри и побрзи благодрние на новиот iOS 8.




Секако, се е подобро во однос на „петката“, а тоа се однесува и на камерата од 8 мегапиксели со ƒ/2.2 бленда за која, тврди производителот, е опремена со технологијата „фокус пиксел“, која ја има само кај професионалните  DSLR камери. И двата модела снимаат 1080р видо со 30 и 60 фрејма по секунда, како и забавено видео со 120 и 240 фрејма по секунда.




Цената на основниот модел ќе биде 199 долари за 16ГБ, 299 долари за 64 ГБ и 399 долари за 128 ГБ со двегодишен договор за користење, додека моделот плус ќе чини по 100 долари повеќе за секоја конфигурација. Во продажба ќе биде од 19 септември.

Датум на објава: вторник, 09 септември 2014 во 21:07
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:52

коментари

остави коментар