Тој посочи дека двајцата се предадени за понатамошно постапување на Одсекот за прекуграничен криминал, емигранти реадмисија.

Според неговите податоци во првите шест месеци од оваа година во редовни и акциски контроли на полицијата во Полошко биле откриени 80 странски државјани, 78 од Албанија и по еден од Косово и Србија кои или непријавено претстојувале или нелегално работеле на подрачјето.

Сите тие се соочиле со соодветни законски санкции и времени забрани за влез во Македонија од една до три години.

- Станува збор за економски емигранти кои работеле на градежни или полски работи за дневници пониски од овдешните, но одредени поединци биле вклучени и во извршување на разни криминални дела претежно кражби, вели Јосифовски.

Во истиот период, додаде тој, во контролите на повеќе угостителски објекти биле откриени четириесетина странски државјанки, најмногу од Албанија и Србија, но и од Косово и Бугарија кои нелегално работеле како пеачки и келнерки. И тие се соочиле со забрана за влез во државата од една до пет години.

- И кај економски емигранти, но и кај келенерките биле откриени случаи на лица кои веќе биле депортирани од Македонија повторно нелегално да влезат и работат во државата, изјави Јосифовски./МИА

Датум на објава: сабота, 23 август 2014 во 12:22
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:21

коментари

остави коментар