Најголемиот број од новоинфицираните, дури 58, се од Софија. Варлева посочи дека 90 отсто од новооткриените болни се инфицирале при сексуален контакт. Според неа, во претходните години инфицирањето почесто било последица од користење на иста игла при земање дрога.

Меѓу заразените има четирипати повеќе мажи од жени. Според Варлева, во 42 проценти од случаите болеста била пренесена при хомосексуален акт.
Според статистиките, 40 проценти од новозаразените се на возраст меѓу 35 и 45 години, а 27 отсто се помлади од 27 години.

Варлева нагласи дека од 1986 година, па досега, во Бугарија од СИДА починале повеќе од 900 лица.

Бугарската Национална програма за борба против СИДА-та започна во 1998 година и благодарение на нејзината примена и терапијата, животот на болните им се продлжува во просек за 25 до 30 години, нагласи Варлева, која денеска во Варна го означи сѕартот на летна кампања против СИДА-та.

Главна цел на кампањата е информирање на младите како да се заштитат од оваа болест и совети за безбеден секс и одговорност при бирање на сексуалниот партнер. Според планот, ќе бидат дистрибуирани информативни и едукативни материјали, а ќе се одржат и серија обуки на врсници од врсници. Во рамките на кампањата ќе бидат извршени и бесплатни и анонимни консултации и истражувања за ХИВ.

Датум на објава: понеделник, 04 август 2014 во 22:40
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар