43 годишниот Филиберто Ернандез признал 5 убиства во перииодот од 2010 до 2013, и признал дека пред да ги убие жртвите ги силувал.

Злосторствата биле извршени во местото Тамуин, југоисточно од градот Сан Луис Потоси, каде тој работел како инструктор по зумба и по карате.

Неговите жртви се девојчиња на возраст од 9, 12, 13 и 16 години, и една жена од 32 години која била киднапирана на излегување од фабриката во која работела. Пронајдени се телата на 9 годишното девојче и на 32 годишната жена, полицијата трага по останатите чии убиства уапсениот ги признал. Се верува дека бројот на жртвите е уште поголем.

Датум на објава: недела, 06 јули 2014 во 10:36
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар