Почесниот конзул на Романија во Битола, Александар Мамакис е награден со орден од претседателот на Романија, Трајан Басеску за исклучителни заслуги на почесниот конзулат на чие чело е во Битола. Мамакис бил гостин на романската Влада од каде најавиле дека наскоро во Македонија ќе отворат економско-трговско претставништво  кое треба да ја унапреди стопанската соработка меѓу двете земји.

„Од контактите со романската влада очекуваме стопанската комора на Романија да дојде во Македонија и да отвори Економско-трговска канцеларија со Македонија со што ќе се продлабочи соработката“, рече почесниот конзул на Романија во Битола, Александар Мамакис.

На романските стопанственици ќе бидат понудени можности за инвестирање во Битола во индустриската зона Жабени, но и во други области.

-Паралелно со тоа исто така исклучително значење имаат и проектите во Касарната каде што даваме големи можности. Тоа се 103 хектари кои се урбанизирани. Таму веќе имаме едно големо градилиште и ќе биде се поголемо и поголемо. И таму имаме неколку инвеститори. И на сите други страни каде што се заинтересирани. Значи го нудиме и Пелистер. Ја нудиме и Пелагонија. На инвеститорите им нудиме можност за изградба на базен, стадион, катни гаражи, пазар и така натаму., вели градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Почесниот конзулат на Романија во Битола беше отворен во 2007 година.

Датум на објава: петок, 20 јуни 2014 во 10:14
Анета Шијакова
Обновено во: 12:15

коментари

остави коментар