На средбата се разговарало  за повеќе теми од областа на заедничката соработка, реформите, мултиетничкото општество и етничките заедници, како и имплементација на критериумите и реализација на проектите кои се во насока на унапредување на довербата.

Премиерот Груевски истакнал  дека владата посветено вложува напори и спроведува мерки за промовирање на интеграцијата на различните етнички заедници во сите области од животот со цел осигурување на долгорочна кохезија на македонското општество.

Притоа посочил дека образованието е основен елемент во овој поглед и според тоа неговиот развој и унапредување ќе продолжи да биде еден од приоритетите на новата влада.

Премиерот Груевски ја реафирмирал  посветеноста на владата на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор при што било посочено дека е постигнат значителен напредок во областите на правична застапеност на сите етнички заедници, што допринесува за градење на меѓусебна доверба и насочување на капацитетите кон постигнување на општествен напредок.



Датум на објава: среда, 11 јуни 2014 во 16:46
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:02

коментари

остави коментар