Адвокатите на обвинетиот Јовановиќ поднеле приговор на извршениот обдукционен протокол  па затоа судијата што го води процесот одлучи да го презакаже судењето за 21 мај годинава за да може непосредно да ги сослуша вештите лица кои го изготвиле протоколот. Тоа ќе го дообјасни и сообраќајно- техничкото вештачење бидејќи во претходните рочишта не беше  точно утврдено движењето на автомобилот на обвинетиот, како и движењето на жртвата.

Миодраг Јовановиќ се товари за две кривични дела ,,предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици ,, и  ,,неукажување помош на повредено лице во сообраќајна несреќа,, .

Обвинетиот при сослушувањето на едно од претходните рочишта го негираше делото.

коментари

остави коментар